500 денари за метар кубен огревно дрво
Жителите на општина Кисела Вода ќе добијат субвенции за купување на огревно дрво и тоа по 500 денари за метар кубен. Ваква одлука донела општината, а ќе важи за домаќинствата кои се греат на дрва.
„Најпогодна и евтина алтернатива за греење во текот на оваа зима за граѓаните останува онаа на дрва. Градоначалникот на општина Кисела Вода одлучи да ги субвенционира граѓаните кои се греат на дрва со 500 денари за метар кубен“, објави ТВ21.
Јавниот повик ќе биде објавен за неколку дена, најави за ТВ21 градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Додека количината на купено дрво мора да се обезбеди како доказ.