
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
извор: skopjeinfo.mk