Градимир Митиќ од Лесковац, кој е сопственик на две фирми, го почестил својот вработен за роденден со патување во Париз, а дополнително му дал и џепарлак. Како што вели, во минатото поминал низ многу ситуации и знае како е да се биде работник. Затоа решил да им го олесни животот на своите вработени покрај бизнисите кои му го олеснуваат животот него.
Градимир со скромно патување му го разубави роденденот на својот вработен Витомир Цибиќ, а ги откри и деталите: „Витомир работи кај мене околу четири месеци, никогаш нема да најдам работник како него и секогаш сум некој што се труди да ги направи своите работници среќни и задоволни. Затоа добив идеја да му уплатам патување во Париз за роденден, да оди малку да се одмори”.
„Знаете како, ако сакате добар работник, треба да му платите. Имам две фирми и работниците во секоја од нив се задоволни. Мое правило е да одат на одмор еден месец ако толку им треба, не е проблем. Плус добиваат и бонус од 200 до 400 евра за да можат дополнително да уживаат. Се водам по единствената логика - ако му платиш на работникот како што треба ќе го даде својот максимум во тоа што го прави и нема да се плаши дали ќе остане без работа, а вие ќе бидете сигурни дека успехот ќе ви биде загарантиран. Имам добри работниц кои добиваат одлична плата и имаат убав живот”.
Работникот Витомир моментално е на пат за Германија, по што ќе замине и за Шпанија. Освен тоа, Градимир решил да ги плати и трошоците во Шпаниија за да може Витомир да се одмори и да ја обиколи земјата. По сите изненадувања, Витомир ја претстави својата страна на приказната - не го криеше својот ентузијазам и благодарност кон својот работодавач.
„Тоа беше големо изненадување за мене, само си ја работам работата и не очекував такво нешто. Бев пријатно изненаден, бидејќи работам цел живот и никогаш не сум добил ваква награда. Му благодарам за тоа, навистина феноменално изненадување“, вели Витомир.
Секој би посакал ваков газда, ЗАР НЕ!?