Со намалувањето на темепературите, на кои поради наглите промени и тешко се навикнуваме, се почесто се поставува прашањето - Дали се греете? Многу сограѓани меѓусебно во секојдневната комуникација се консултираат и советуваат дали е паметно да се започне со затоплување на објектите. Некои домаќинства издржуваат подолго без греење, додека други почнаа уште при првите пониски температури.
Постои една дилема при користење на парно греење, дали се заштедува ако работи цел ден? Но, како и кај повеќето работи, одговорот не е едноставен.
Од една страна, оставајќи го греењето вклучено цел ден, котелот ќе мора да работи за да ја одржува температурата на поставената температура, а вие ќе трошите енергија цел ден. Тие велат подобро е да се постави греењето да започне во избраното време, или одреден период пред да се вратите дома.
Меѓутоа, ако домот е поладен, ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете кога ќе пристигнете и ќе го вклучите грејното тело.
Затоа, тие препорачуваат користење на тајмер. Ова овозможува греењето да се вклучува и исклучува кога ви е најпотребно и не мора да се грижите дали ќе заборавите да го исклучите.
Многу експерти се согласуваат дека најважното нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за ефикасно загревање на домот е да се открие каде топлината излегува од него.
Ако станот е добро изолиран, ќе трошите помалку енергија без разлика дали ќе го оставите парното вклучено цел ден или ќе користите тајмер. Колку се помали загубите на топлина, толку помалку енергија ќе потрошите за да постигнете удобна температура во домот.
извор: faktor.mk