Основачот на компанијата Tesla, Елон Маск соопшти дека компанијата започнала да ги прима првите нарачки за популарните “соларни кровови“ уште во месец април.
На сајтот на компанијата има и калкулатор кадешто секој што сака да си нарача соларни панели може да пресмета колку ќе го чини во зависност од површината на кровот и количината на сончева енергија во одредено подрачје со цел да види дали оваа инвестиција е исплатлива.
Според најновите информации кои ги соопшти компанијата, уградувањето на овие кровови во САД ќе запоне од ова лето, додека за остатокот од светот почетокот ќе биде најавен до крајот на годинава.
Соларниот кров се соостои од фотонапонски ќелии кои се вградени во ќерамиди (слични како обичните ќерамиди) и неприметливо се вклопуваат во модерните архитектонски решенија. Маск изјави дека целта на соларните кровови е да бидат поубави од обичните, да произведуваат електрична еренгија, да траат подолго и да имаат подобра изолација.
Кога станува збор за цената, Маск вели дека тие ќе бидат поевтини во однос на класичните ќерамиди. Неофицијалната цена е 21.85 долари за метар квадратен.