Сигурно многу пати сте виделе знак за тоалет со силуети на маж и жена. Машкиот знак има панталони, женскиот е во фустан - барем така мислевме до неодамна, додека компанијата Axosoft од Аризона не создаде кампања која сака да ги изедначи мажите и жените во одредени традиционално машки занимања, пишува The Mirror.
Тања Катан од Axosoft тврди дека триаголникот никогаш не требало да претставува фустан, туку наметка, па затоа велат дека жените можат да бидат суперхерои.
„Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените кои се заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство“, велат од компанијата.
Целта на кампањата „It was never a dress“ е да поттикнат разговори за прифаќањето на жените во која било професија. Не се работи само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостаток на работни места во многу занимања.