![Делови од повеќе скопски општини денеска ќе немаат струја, а еве каде ќе нема и вода!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/fc/fe42c2cf-resize-820x0x100.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 19.10.2022 година ( среда ), без електрична енергија ќе останат:
• 08:30 - 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Блажо Орландиќ и дел од ул..12-та Македонска бригада, ( во околината на крстосницата кај кулите Џевахир). (Општина Аеродром)
• 09:00 - 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Методија Патчев во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
• 10:00 - 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов. (Општина Карпош)
Без вода денеска ќе бидат:
• Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Батинци и Љубош. (Општина Студеничани).
• Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-200 мм на ул. Тодор Александров бб во населба Водно, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Периша Савелиќ и дел од ул. Тодор Александров. (Општина Центар).
извор: skopjeinfo.mk