По лансирањето на новата алатка за пренос на профили, Netflix се чини дека го подготвува теренот за забрана за споделување лозинки.
Netflix воведува нова функција за да им го олесни на корисниците префрлањето на нивните профили од сметка што ја делат на самостојни профили.
Алатката Profile Transfer е наменета за секундарни корисници, односно корисници кои не се сопственици на профили кои плаќаат претплата. Користејќи ја новата алатка, корисниците ќе можат да ја пренесат својата историја на гледање, персонализираните препораки, историја на игри и приспособените поставки на сопствената претплата.
Се разбира, иако Netflix сака да ја претстави оваа функција како корисна алатка за моменти како раскинување или кога член на семејството ќе си замине од дома, на сите им е јасно дека ќе биде покорисна за компанијата како „помош“ кога конечно ќе го сузбијат споделувањето лозинки.
Оваа година не беше лесна за најпопуларната платформа за стриминг во светот, но директорите се решени да ја изведат на вистинскиот пат и да достават дополнителна вредност за акционерите. Откако почна да губи корисници за прв пат по една деценија, Netflix сакаше да го идентификува проблемот и да најде решенија.
Едно од овие решенија е Basic with Ads, поевтин план за претплата кој ќе прикажува реклами од 4 до 5 минути на час, а овие реклами ќе бидат клипови со времетраење од 15 до 30 секунди и ќе се пуштаат пред и за време на сериите и филмовите. Корисниците кои ќе го изберат овој план ќе можат да гледаат ограничени содржини, кои нема да можат да ги преземаат за офлајн прегледување, а максималниот квалитет на видеото ќе биде 720p.
Можете да го префрлите вашиот профил уште денес. За да го започнете овој процес, едноставно изберете ја опцијата Transfer Profile кога лебдите над иконата на вашиот профил во паѓачкото мени на почетната страница на Netflix. Единствениот услов е да го префрлите профилот на нов профил- префрлањето на постоечки профили нема да работи.
извор: smartportal.mk