Сега облечен во нова готвачка униформа на која е сошиено логото на „Michelin“ и славната гумена кукла, Сојсал пред себе има предизвик – ќе тргне по ѕвездата на „Michelin“.
Главниот готвач Нури Сојсал требало да се развесели кога од другата страна на телефонската жица слушнал дека неговиот ресторан ќе добие препорака од водичот „Michelin“ еден од најценетите во рангирањето на рестораните и кујните со висок квалитет, но тој мислел дека некој се шегува со него, па веднаш го прекинал повикот.
Дека не станува збор за шега сфатил гледајќи телевизиски прилог за угостителски објекти кои се нашле на овогодишната листа на препораки на славниот црвен водич, а меѓу нив бил и ресторанот во кој Сојсал работи веќе 30 години.
„Тогаш се растажив што не отидов на свеченоста. Пропуштив убав настан“, признал главниот готвач во ресторанот „Rumelihisari Iskele“, сместен на брегот на Босфор.
Анегдотата ја потврдила и екипа од „Michelin“. Инспектори на водичот,кој во 1900-та година го основале браќата Андре и Едуард Мишелин, отишле да ја вкусат храната во тој ресторан во Истанбул, а како и секогаш тоа го направиле анонимно.
„Што јадеа тогаш не се сеќавам. Но им се допадна нашето јадење. Тоа е голема чест“, изјавил готвачот.
Сега облечен во нова готвачка униформа на која е сошиено логото на „Michelin“ и славната гумена кукла, Сојсал пред себе има предизвик – ќе тргне по ѕвездата на „Michelin“.
„Ќе ставам нови специјалитети на нашето мени. Се надевам дека инспекторите од „Michelin“ повторно ќе навратат …“