
Покрај цените на становите од неодамна пораснаа и цените за купување или изнајмување гаража и паркинг место во зградите и надвор од нив. Зависно од местоположбата и староста на зградите или објектите, во Скопје гаражни места може да се купи по цена од 6.000 до 16.000 евра. Изнајмувањето, пак, според огласите чини и до 1.200 евра годишно, бидејќи за изнајмување гаражнo место или гаража се бараат од 30 до 100 евра месечно зависно од местоположбата.
Слична е состојбата и во другите градови во земјава.
Граѓаните кои сакаат да купат гаража негодуваат бидејќи цените се изедначуваат со цена на квадратен метар од стан во центарот на Скопје, а во дел од новите згради нема доволно паркинг простор иако законски секој стан треба да има обезбеден простор за паркирање.
Градежни експерти велат дека доколку не се стави ред во надзорот и во техничкиот прием на новоизградените згради цените на гаражите ќе стигнат и до 50.000 евра, бидејќи цената на кавадратот гаражно место ќе ја формира побарувачката која во централните градски подрачја станува се поголема.
Целата содржина прочитајте ја ОВДЕ.