Утре, 26 октомври, Ер Србија ја слави својата деветгодишнина од работењето под сегашното име. По тој повод, српската национална авиокомпанија подготви уникатна промоција за купување билети преку веб-страницата Ер Србија со попуст од 30 отсто на цената за девет дестинации: Лион, Штутгарт, Лондон, Виена, Салцбург, Прага, Милано, Букурешт и Загреб. .
Патниците ќе можат да добијат попуст при купување на авио билети за патувања до 25 март 2023 година, користејќи го промотивниот код BDAYAS2022.
„Исклучително сме горди на фактот што деветгодишнината ја славиме под името Ер Србија со нашите патници кои секојдневно ја покажуваат својата доверба во нас. Секоја година во ова време, се навраќаме на периодот зад нас и се сеќаваме како го започнавме нашето патување заедно во 2013 година. Во текот на речиси една деценија додека ги спроведувавме плановите и се обидувавме да ги искористиме сите можности што ни беа претставени на пазарот, се случија многу работи - убави и возбудливи. Се надеваме дека ќе продолжиме да бидеме првиот избор за патниците и ќе се обидеме да ја оправдаме нашата улога како регионален лидер во воздухопловната индустрија, постојано подобрувајќи ја нашата услуга и понуда. Продолжуваме да летаме заедно за да постигнеме нови рекорди и да ги славиме идните успеси“, изјави генералниот директор на Ер Србија.
Да потсетиме, првиот авион во боите на Ер Србија, Ербас А319 под името Новак Ѓоковиќ, полета од Белград на 26 октомври 2013 година и започна со отворање на ново поглавје во историјата на националната авиокомпанија.
Повеќе информации за промотивната кампања на Ер Србија можете да најдете на веб-страницата www.airserbia.com.