Една тиктокерка станала вистински хит на социјалните мрежи откако го прикажала својот работен ден додека доставува за Амазон Флекс. Луѓето се враќаат на стариот начин на купување, а со тоа онлајн продажбата опаѓа. Поради тоа, доставувачите на Амазон останале без пакети за испорака.
Тиктокерката Дунам – Нелсон вели дека заработува 28 долари на час преку Амазон Флекс, програма која им овозможува на работниците да ги користат своите превозни средства за испорака.
„Добра вест е што ќе земете плата. Сега можете слободно да си одите“, изјавила Нелсон.
Во коментарите на нејзиното видео многумина напишале дека сакаат да заработуваат пари без да работат речиси ништо. Други ги споделиле своите искуства со програмата.
Дунам – Нелсон во делот наменет за коментари напишала „Убер за пакети“, а многумина покажале љубомора поради нејзината способност да работи за програмата, бидејќи биле на листата на чекање на Амазон „со години“.
Според Амазон, Флекс е достапен во преку 50 американски градови со „ограничени места“ за возачи во секој од нив.