Поранешнен агент на ЦИА со години работел за најпознатата американска разузнавачка агенција и е воен ветеран на американските воздухопловни сили. При разговор во една емисија зборуваше за неговата кариера и откри како изгледа процесот на регрутација во САД.
Денес работи како основач на платформата EverydaySpy, со која ги учи луѓето на вистински шпионски вештини, пренесувајќи им го знаењето стекнато како агент на ЦИА.
Бустаманте собирал податоци за ЦИА на шест континенти, а интересно е тоа што и неговата сопруга работела за Агенцијата. Никогаш не планирал да биде ЦИА агент. Објасни дека работата ја добил додека барал вработување во мировните сили, а притоа објасни како е регрутиран.
„Всушност, бев на пат да излезам од Воздухопловните сили за да се обидам да влезам во мировните сили. Моите приоритети не беа многу променети. Сакав да го видам светот и сакав да спијам со жени, па мислев дека тоа е следната најдобра опција по Воздухопловните сили“, изјави тој.
Додека минувал низ процесот на пријава, Ендру добил порака на екранот и препорака да ја стопира пријавата на 72 часа бидејќи има шанси да се класифицира за други работи во американската Влада. Бустаманте го прифатил предлогот и 24 часа подоцна добил повик од скриен број.
„Сметаме дека може да бидете корисни во националната безбедност, дали сте заинтересирани“, му рекле од другата страна на слушалката.
Првата мисла што му минала низ главата на Бустаманте е дека веројатно станува збор за шега или измама. Но, наскоро добил авионска карта преку пошта.
Потоа бил одведен на непознато место чија локација не смее да ја открие. Таму разговарал за правилата на службата, како и за тоа дека никогаш никому не смее да зборува за организацијата.
Откако се согласил на сите правила, почнал процесот на испрашувања. Бустаманте објаснува дека станува збор за „тест по тест“ и разни ситуации на играње улоги, психологија и проверка на интегритетот.
извор: kajgana.com