Без мобилен телефон и компјутер речиси е невозможно да се замисли секојдневниот живот на човекот.
Овие уреди чуваат чувствителни податоци (броеви на сметки, приватни пораки, фотографии, видео-записи, документи) и затоа треба да се погрижите за нив.
Истражување во САД
Сепак, луѓето често непристојно се однесуваат кон паметните уреди или едноставно немаат среќа со нив. Телефоните и компјутерите се оштетуваат, расипуваат и мора да се сервисираат.
Американската компанија „Secure Data Recovery“ неодамна спровела истражување меѓу 2.200 граѓани за да ја дознае најчестата причина за расипување на уредите.
Најголем „непријател“
Според достапните податоци најголемиот „непријател“ на лаптопите е падот. Речиси половина корисници (46 отсто) токму тоа го навеле како причина за оштетување на нивниот лаптоп.
Истурање пијалак е на второто место, а го навеле 33 отсто од испитаниците.
Освен пијалак, проблем е и храната, па 30 отсто од учесниците во истражувањето тоа го навеле како причина за оштетување на компјутерите.
Студијата покажала дека речиси 40 отсто од корисниците морале да ги заменат своите компјутери или пак да си купат нови доколку им се случило такво нешто.
Кобен пад
Најчестото оштетување на паметните телефони се однесува на пукање на екранот (75 отсто), потоа падови (46 отсто) или пак истурање пијалак врз телефонот (43 отсто).
Кога станува збор за необични ситуации, една личност останал без мобилен телефон по пад при возење на велосипед.
Ништо подобро не поминал ниту корисник на лаптоп на кој морско прасе му уринирало врз тастатурата и така му го уништило хард дискот.