Знаете дека во оваа земја, доколку го заборавите роденденот на вашата сопруга, таа постапка може да ве одведе директно во затвор?
Често читаме за некои бизарни закони низ светот кои не би ги сакале во нашиот „двор“. Сепак, има и такви кои со задоволство би ги прифатиле. Можеби ова се некои од нив:
Забрана за вознемирување на вработените после работното време
Со цел да придонесе за рамнотежа на приватниот и работниот живот, Португалија минатата година донесе нов закон со кој им забранува на шефовите да контактираат со работниците по работното време. Освен ако нешто навистина не е важно, претпоставените не смеат да праќаат пораки, мејлови или да им се јавуваат на своите вработени по завршувањето на работното време.
Инфлуенсерите и нивните навидум совршени фотографии
Инфлуенсерите и нивните навидум совршени, но всушност измислени животи станаа идеали кон кои се стремат младите ширум светот. Сепак, работите често не се баш онакви какви што изгледаат на социјалните мрежи. Вистината е дека тие се суштински различни. Токму затоа норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат ознака за да ги предупредат своите следбеници дека користеле филтри, односно ја “ украсиле” својата виртуелна реалност.
Сите нови згради мора да имаат зелени покриви
Овој град стана првиот во светот кој донесе ваков закон. Имено, сите нови згради во Базел мора да имаат зеленило засадено на покривот, а законот важи и за сите стари згради кои се во процес на реновирање.
Две нови дрвја за секое родено дете
Во Велс е покрената иницијатива според која за секое родено дете се засадуваат по две дрвја. И додека едно дрво се сади во Велс, друго се сади во Уганда. Идејата е одлична нели?
Правење селфи со Буда се смета за навреда во Шри Ланка
Во Шри Ланка, сликањето со грб кон статуите на Буда се смета за голем прекршок. Можеби ќе бидете принудени да ги избришете фотографиите. Дозволено е фотографирање до Буда, настрана, со телото свртено кон него и само главата кон фотографијата, но никогаш со грбот свртен кон Буда.
Да не се шета кучето 3 пати на ден е кривично дело
Ако поседувате куче во Торино, законот налага да го шетате најмалку 3 пати на ден. Ако не го направите тоа, според новиот закон може да се соочите со голема парична казна до 500 евра. Италија се смета себеси за нација што сака животни и во многу градови мачките скитници се заштитени со закон.
Заборавањето на роденденот на сопругата може да ве одведе директно во затвор
Баш како што сакаат жените. Во Самоа е забрането да се заборави роденденот на сопругата, а мажот мора да одговара пред правдата и сепак да го надомести тој пропуст. Ако сопругата ја пријави оваа ужасна грешка во полиција, сопругот можеби ќе треба да го посети затворот и да одговори на некои “брутално” искрени прашања. Значи, најдобрата опција за сопрузите во Самоа е да ги усреќат своите сопруги.