
Траудл Енгелхорн-Векијато почина во септември на 95-годишна возраст и остави имот вреден повеќе милијарди долари на нејзината внука Марлен Енгелхорн.
30-годишната наследничка, која живее во Австрија, вели дека не е заинтересирана за наследството што дошло од хемиската компанија на нејзиното семејство, кое се проценува на 4,2 милијарди долари.
– Сценариото што го посакувам е да бидам оданочена – изјави Марлен за Њујорк Тајмс, а пренесува РТС.
Енгелхорн решила да отстапи 90 отсто од своето наследство, а најмногу би сакала државата да ги земе парите за да ги прераспредели што е можно подобро.
Богатата наследничка се осврна и на своето богатство во интервју за Vice News минатата година, велејќи дека „ниту еден човек не треба да има толку многу пари и моќ“.
Знаејќи дека еден ден ќе наследи огромно богатство, Енгелхорн го помина поголемиот дел од последната деценија застапувајќи се за зголемени даноци, така што нејзиното богатство ќе биде намалено и прераспределено од државата.
За таа цел, Марлен го основа „Tax Me Now“, здружение на богати луѓе од Германија кои бараат поголемо оданочување на нивните приходи и богатство.