Има многу епитети кои го следат Илон Маск, од „најбогатиот човек на светот“ до „основачот и првиот човек на Тесла“, а од неодамна – тој е и сопственик на Твитер.
Веќе првиот ден беа пријавени првите отпуштања во компанијата, а се најавуваат и повеќе.
По преземањето на компанијата „Twitter“, Маск ги отпушти највисоките раководители во настојување да избегне големи компензации, додека „закажал“ и други отпуштања за сабота, за да избегне донации за акциите кои доспеваат на 1-ви ноември.
Милијардерот во четвртокот го отпушти извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, потоа главниот финансиски директор Нед Сегал и шефицата за правни работи Виџај Гаде.
Се потсетува и дека Маск ги обвинил дека го довеле него и инвеститорите во заблуда во врска со бројот на лажни профили на платформата. Според податоците на истражувачката компанија „Equilar“, отпуштените раководители ќе добијат исплата во вкупен износ од околу 122 милиони долари.
Повикувајќи се на неидентификувани извори кои се запознаени со ова прашање, „The Information“ известува дека Маск, всушност, отпуштил четворица главни раководители во Твитер.