Станарите кои не можат да ги платат драстично покачените цени за енергија треба да добијат најмалку половина година заштита од иселување, како и бескаматна поддршка за домаќинството да остане финансиски ликвидно. Таков предлог сега е на разгледување пред Комисијата за гас и греење.
Германската влада сега бара начини како да ги заштити граѓаните од подивените цени на енергијата. Ја задолжи Стручната комисија за гас и греење да направи предлог со цел да ги заштити станарите од иселување дури и ако не можат да ги платат сметките.
„Погодените домаќинства треба да добијат помош од фондот за помош за да се избегне исклучување“ велат од Комисијата. Поддршката мора да трае додека наемопримачот не ја покрие разликата предизвикана со покачувањето на цената на енергијата.
Бескаматни финансиски инјекции за одржување на ликвидноста на семејствата со ниски и средни примања треба да бидат достапни од 1 јануари до 30 април 2024 година.