Најголемата цветна градина на светот, верувале или не, се наоѓа насред пустина, во Дубаи. Со повеќе од 150 милиони цветови на 72.000 квадратни метри, „Dubai Miracle Garden“ вчера ги отворила своите врати и ќе прима посетители се до крајот на мај.
Оваа чудесна градина, како што кажува и нејзиното име, се наоѓа во делот од градот кој се вика Ел Барша Саут, и отворена е пред девет години, а секоја сезона декоратери ја збогатуваат со различни скулптури.
Од првиот ден станала омилена и многу популарна локација за љубителите на природата, но и за заљубените кои сакаат да го изговорат судбоносното „да“ во окружение налик рајот. Тука може да се видат огромни цветни пирамиди, но и низа куќи кои сочинуваат цело едно соседство прекриено со цвеќиња.
Во градината се наоѓа и најголемиот цветен аранжман на светот, реплика на авионот „Emirates Airbus A380“, направена од повеќе од 500.000 цветови и билки.
Бајковит дизајн го краси секој агол од оваа градина – од гигантски саксии од кои се прелеваат стотици цветови, до ветерници и разни градби.
За да им овозможат на цвеќињата да растат, во оваа градина е инсталиран систем за наводнување кој користи отпадна вода, така што ниедна капка не е фрлена, а дневно се трошат околу 700.000 литри.