Поради растот на глобалните температури побарувачката за климатизациски разладни системи во зградите се зглемува. Како што знаеме сите, клима-уредите сега воопшто не се евтина опција поради се повисоката цена на електричната енергија, но научници од корејскиот Универзитет Кјунг Хи во Сеул веруваат дека имаат решение за овој проблем.
Тие создаода проѕирен премаз за прозорци со неверојатни способности. Кај нормалните стаклени прозорци сончевото ултравиолетово и инфрацрвено зрачење може да помине и да предизвика загревање на просториите. За да го спречат тоа научниците почнале да развиваат премаз за прозорци кој ќе може да го блокира тоа зрачење.
Така настанал „проѕирниот радијациски фрижидер“, како што го нарекуваат, а се состои од тенки слоеви силициум диоксид, силициум нитрид, алиминиум оксид или титаниум диоксид на стаклена база, прекриени со слој од полидиметилоксан. Користејќи машинско учење истражувачите на компјутер успеале да го оптимизираат видот, редоследот и комбинацијата од тие слоеви.
Истражувачите предвидуваат дека во многу топлите и суви градови нивнииот премаз за прозорци би ја намалил потрошувачката на енергија за ладење за околу 31%. Тие нагласуваат дека нивниот премаз не е ограничен само на прозорците на зградите, туку може да се стави и на прозорците на автомобилите и камионите за да се намали потрошувачката на гориво за ладење. Со оглед на тоа дека премазот е проѕирен, ништо нема да му попречува на возачот при возењето.
извор: inovativnost.mk