Како дел од реформата на својот 150 - годишен кривичен законик, Белгија воведува кривично дело екоцид, систематско и континуирано уништување на животната средина.
Владата веќе го усвои нацртот на новиот законик, но се очекува тој да стапи во сила пред 2025 година.
Екоцидот е вклучен во новиот закон како посебно кривично дело. Во моментов вака се третира во единаесет земји во светот, меѓу кои Франција, Русија, Украина и некои други републики од поранешниот СССР.
Екоцидот ќе се дефинира како противзаконско дело, кое се врши со сознание дека ќе предизвика тешки, широко распространети и долгорочни штетни последици по животната средина, а сторителот ќе се соочи со казна затвор од 10 до 20 години.
Невладините организации веќе неколку години се залагаат екоцидот да се дефинира како меѓународно злосторство, како што се геноцид, војна за агресија, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Белгиската влада исто така одлучи убиствата на жени или девојчиња поради нивниот пол во иднина да се третира како посебно кривично дело. Новиот кривичен законик ќе го вклучи и делото поттикнување на самоубиство.