Есенските паднати лисја содржат одредена количина киселини кои може да ја оштетат бојата на возилото, особено ако лисјата се влажни.
Лисјата на патот во комбинација со влага создаваат лизгава површина и може да доведат до сообраќајна несреќа, ако не бидете внимателни и ако не ја прилагодите брзината на неповолните услови.
Лисјата исто така можат да предизвикаат оштетување на автомобилот. Кога се распаѓаат тие содржат и одредена количина киселини, што може да биде опасно за лесните возила - особено ако лисјата се влажни. Затоа, подолгото присуство на лисја на возилото може да резултира со оштетување.
Ако не ги исчистите лисјата под шофершајбната, ако е влажно, може да ја заглават патеката што носи воздух до филтерот на кабината, со што се намалува снабдувањето со свеж воздух.
Распаднатите лисја исто така може да влезат во каналите, така што возачот и патниците ќе дишат влажен воздух со слаб квалитет.
извор: kajgana.com