Над 13 проценти од деловните субјекти во Македонија, годинава, со е-продажбам примиле нарачки преку социјални мрежи, а нарачки за стоки и услуги преку веб продажба примиле 12,3 проценти од фирмите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, годинава 99,1 процент од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Од деловните субјекти кои користат компјутер, пристап до интернет имале 95,1 процент, а пристап преку фиксна конекција 89 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Извор: republika.mk