Туристичките власти изјавиле во јули дека посетителите кои што доаѓаат за еден ден ќе треба да ја резервираат својата посета на градот преку Интернет од 16 јануари 2023 година и да платат помеѓу три и 10 евра за да влезат, во обид да го контролираат влезот во градот.
Но, портпаролот на градоначалникот рече дека градскиот совет сè уште не ги одобрил потребните прописи, што значи дека датумот за почеток ќе мора да се одложи. Процесот ќе трае најмалку шест месеци, додаде тој. Планот, кој првпат беше објавен во 2019 година, првично беше одложен поради Ковид-19, што ги оддалечи туристите.
Сепак, оваа година има обновен прилив на туристи во Венеција, а бидејќи посетителите често се побројни од 50.000 жители на центарот на градот, преплавувајќи ги тесните улички, наплатата на дневните билети повторно е на агендата на градоначалникот.