Ништо не може да му избега на мета универзумот, па ни најбитната споредна работа во светот – фудбалот. Така, ФИФА во пресрет на Светското фудбалско првенство во Катар потпиша повеќегодишен договор со гејминг платформата Upland, која во текот на првенството, а и подоцна, ќе осигура нови искуство на гледање фудбал за навивачите.
Како што велат во соопштението на ФИФА, навивачите ќе можат да уживаат во мета универзумот на Upland, да собираат NFT предмети, да учествуваат во многу предизвици и да прошетаат по виртуелното навивачко село во Катар, Таму, мешу другото, ќе можат да купуваат во продавници на ФИФА и да го посетат виртуелниот стадон Лусаил.
Во виртуелниот свет ќе ги има сите екипи кои учествуваат на првенството и тоа со дигитални грбови на земјите, облека, логоа, постери и тимски маскоти. Навивачите сето тоа ќе можат да го купат, но ќе можат да купат и виртуелни згради во Upland кои ќе можат да ги украсат со навивачки реквизити.
Посебно интересен ќе биде новиот виртуелен град во Upland, кој ќе биде објавен на 18 декември, а ќе се базира на земјата која ќе го освои Светското првенство во фудбал во Катар.
До Upland може да се пристапи преки апликација за паметни телефони и преку десктоп верзија, а според последните податоци, овој мета универзум веќе има над 3 милиони регистрирани корисници. Се очекува дека тој број ќе порасне многу повеќе во текот на првенството.
извор: inovativnost.mk