Во малата населба Фугереј која се наоѓа во Аугсбург, цената на кирија изнесува само 88 центи годишно.
Оваа населба во 1516 година ја изградил Џејкоб Фугер Помладиот. Тој таму сакал да ги смести луѓето од Аугсбург кои биле посиромашни односно немале свој имот. До 1523 година изградени биле 53 куќи, а потоа направена била и црква. Капиите се заклучувале во текот на ноќта, така што може да се каже дека Фугереј во тоа време било независно гратче.
Условите за живот во Фугереј сега се исти како и пред 500 години, освен ниската кирија, за да ги исполните условите за живот во оваа населба мора да живеете најмалку две години во Аугсбург, да бидете католици и да имате помала имотска состојба, но без долгови. Капиите и натаму се заклучуваат секоја вечер во 22 часот.
Станбените единици се големи од 45 до 65 метри квадратни и потсетуваат на мали куќички. Во становите има кујна, дневна соба, тоалет и спална соба. Становите на приземје имаат и градини, а становите на кат имаат поткровје.
Туристите исто така имаат шанса да го посетат Фугереј. Една станбена единица е празна и служи како музеј.
Во периодот од 1681 до 1694 година таму живеел масонот Франц Моцарт, прадедо на Волфган Амадеус Моцарт, а во негова чест направена е и спомен-плоча.
Жителите на населбата ѝ плаќале годишна закупнина на фондацијата во износ од 88 центи, а освен тоа биле обврзани да се молат трипати дневно за членовите на семејството Фугер и да извршуваат активности во заедницата со скратено работно време. Големо значење се придавало на духот на заедништво и солидарност, што се чувствува и денес. Жителите си вршат услуги меѓу себе, си помагаат и се дружат.