Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.300 вработени и инвестиција од вкупно 39 милиони евра
Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Компанијата Магна дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти и е единствениот добавувач на автомобилски делови кој истовремено и склопува комплетни возила. Компанијата може да произведе цело тело на возило, шасија, внатрешнот, надворешност, седишта, погонски механизам, електроника, прегледност, затворање и кровни системи и модули, како и инженеринг на комплетно возило и производство за други брендови (contract manufacturing).
Магна се протега на пет континенти и 28 земји, што ни дава глобален отпечаток за да можеме да го поддржиме секој голем производител на автомобили во светот. Глобалното седиште на Магна е во Аурора, Онтарио, Канада, а европската централа на Магна е во Виена, Австрија.
Неодамна, официјално почна со работа и во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.300 вработени и инвестиција од вкупно 39 милиони евра. Во моментот работат 324 лица и со тест производството, кое трае повеќе од една година, заклучно со септември остварен е износ од над 13 милиони денари.
Инвестицијата во Струга, е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за економијата.
Во моментов, Магна вработува на следната работна позиција:
Оператор во производство
линк за повеќе детали и аплицирање