Првата и втората кула на „Џевахир“ вчера од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.
Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.
Станари за Прес24 велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.
- Поради вкупен долг од 6 милиони денари, четири мерни места за заедничка потрошувачка во кулите на Џевахир се исклучени, потврдуваат од ЕВН за Прес24.
Извор: