Милијардерот Илон Маск веднаш по преземањето на Твитер го отпушти извршниот одбор, но одлучил и да отпушти 50 отсто од вработените во компанијата, односно 3.700 вработени.
„Што се однесува до намалувањето на работната сила на Твитер, за жал нема избор кога компанијата губи повеќе од четири милиони долари дневно. Сите кои се отпуштени добија три месеци отштета, што е 50 отсто повеќе од законската обврска“, напишал на 5 ноември новиот сопственик на платформата.
Да ве потсетиме, милијардерот на „интересен“ начин ги извести вработените за нивниот статус на платформата.
Имено, доколку сте се нашле во оние 50 отсто среќници кои остануваат на Твитер којшто инаку беше продаден за 44 милијарди долари, сте добиле порака на официјалниот мејл, додека пак оние кои немале толку среќа отказите ги добиле по пат на приватен мејл.
Навистина, малку суров начин, нели?
Тие денови биле вистинска агонија за вработените, а многумина пред самата официјална порака на Твитер напишале дека мислат дека веќе добиле откази поради тоа што изгубиле пристап на своите профили за вработени.
Не само што поединци останале без своите единствени приходи туку тие автоматски морале да се збогуваат и од бенефитите кои фирмата ги нуди.
Имено, во април една девојка на интернет споделила како изгледа нејзиниот работен ден во Твитер.
Кога ќе го видите видеото можеби ќе ви биде јасно зошто Маск повлекува такви потези за да ја „спаси“ платформата.
Имено, Маск забрани работа од дома, па така ги повика сите вработени да се вратат во фирмата, освен доколку тој не им дозволи на поединци да работат од дома.
Еден ден во Твитер, судејќи по објавеното видео изгледа вака:
Утрото е резервирано за милкшејк и состанок, а потоа следи ручек. Потоа на располагање имате соба за дружење, медитација, јога или пак, како што може да се види од видеото девојката оди на уште неколку состаноци.
@realpankhilpatel This is “a day in the life of a Twitter employee.” No wonder @elonmusk is firing 75% of them #pankhil #pankhilpatel #pankhilofficial #patel #happeningnowwithPankhil #trump #trump2024 #trumpdesantis #trumpdesantis2024 #maga #magaclan #ultramaga #deplorable #trumpderangementsyndrome #elonmusk #elon #musktwitter ♬ Breaking News - Breaking News
Исто така на располагање имате и библиотека за понатамошен развој на работата, со кафе.
За крајот на денот можете себеси да си се почестите со вино со одење на кров и уживање во погледот на една од лежалките кои се поставени таму.
Американскиот милијардер вчера им испратил нова порака на работниците, по пат на која им дал рок „до денес“ да одлучат дали сакаат да останат во компанијата со „продолжено работно време и висок интензитет на работа“ или пак да си земат отштета во износ на тримесечна заработка.