Economist Intelligence Unit (EIU) го објави својот глобален индекс за животна способност со кој ги рангираше 10-те најдобри и 10-те најлоши места за живеење во светот во 2022 година.
Индексот рангираше 172 града во пет категории: култура, здравство, образование, инфраструктура и забава.
Европските и канадските градови доминираат на листата добри градови за живеење, благодарение на факторите како што се стабилноста и добрата инфраструктура.
Жителите на овие градови се поддржани од добрата здравствена заштита и бројни можности за култура и забава, се наведува во Индексот. Од година во година, градовите во Австрија и Швајцарија се рангирани високо на листите за квалитет на живот благодарение на добро развиената социјал-капиталистичка економија.
На врвот на листата нема град од Соединетите Американски Држави – најдобро рангиран американски град е Атланта на 26 место, додека Вашингтон е на 30 место.
Виена беше прогласена за најдобро место за живеење. Виена беше прва на листата во 2018 и 2019 година, но падна на 12 место во 2021 година. Севкупно, Виена доби оценка од 95,5/100. Виена доби 95 поени за стабилност, 83,3 за здравствена заштита, 98,6 за култура и животна средина и 100 за образование и инфраструктура.
На второ место е главниот град на Данска, Копенхаген, на трето Цирих, Швајцарија, а на четврто и петто се канадските градови Калгари и Ванкувер, шеста е Женева, седми Франкфурт, осмо Торонто, деветти Амстердам, а десеттото место го делат Осака и Мелбурн.
На листата на десетте најлоши градови за живеење доминираат градови од Азија и Африка.
Она што е заедничко за сите градови на листата се сериозните социјални проблеми и безбедносните грижи. На пример, во Индексот се наведува дека местото на Дамаск на листата најверојатно е резултат на социјалните немири, тероризмот и конфликтите што го погодуваат сирискиот град.
Лагос, културната престолнина на Нигерија, се најде на листата бидејќи, според американскиот Стејт департмент, е познат по криминалот, тероризмот, граѓанските немири, киднапирањата и поморскиот криминал.
Освен Дамаск, кој е најлош за живеење и Лагос, кој е втор најлош, на листата на десетте најлоши градови за живеење, се наоѓаат и Триполи, Алжир, Карачи, Порт Морезби, Дака, Хараре, Дуала и Техеран.
Извор: kajgana.com