Решавате да ставите валкани алишта во машината за перење, вклучително и чорапи. Сите на број, спарени, без вишок. Меѓутоа, кога ја празните машината по перењето, ве чека непријатно изненадување. Повторно недостасува еден чорап! Не, во вашата машина за перење алишта нема скриен Бермудски триаголник, зад оваа мистерија се крие многу едноставно објаснување.
Во продолжение ви откриваме како машината за перење ви ги „краде“ чорапите.
Чорапите исчезнуваат зад гумената заптивка. На вратата на машината за перење има гума, која осигурува вратата добро да се затвори и да не истекува вода. Гумата е многу широка и може да се поместува.
Кога ставате алишта во машината за перење, може да се случи чорапот да се заглави на работ на оваа гума. Ова може да се случи и при центрифугирање. Некои експерти велат дека машината може и да го повлече чорапот во грејачот, каде што се распаѓа со текот на времето.
Како да спречите вашите чорапи да исчезнат за време на перењето? Перете помалку алишта и користете мрежести кеси за перење.
Мрежестите кеси се многу погодни. Во нив можете да ставите помали парчиња алишта и не треба да се грижите дали ќе исчезнат.
Друг начин да спречите исчезнување на чорапите е да не ја преоптоварите машината за перење. Ако машината за перење е пренатрупана, помалите предмети често се туркаат до работ и брзо се заглавуваат.
извор: kajgana.com