
Под влијание на циклонска активност утре и во понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). И во Скопската Котлина утре попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и поројни.
Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 л/м2 воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.
Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Поради заладување во понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.
Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.