Како што стојат работите во последните месеци во соседна Србија, најлесниот начин да заработите е ако имате сопствен имот, за изнајмување или за продажба. Цените растат, би се рекло, од ден на ден, а „бисерите“ од огласите се се почести.
Последниве денови вниманието го привлече огласот за продажба на стан на падината Чукарица во Белград. Како што стои во огласот, се работи за стан со 28 квадрати, стара зграда, петти кат од вкупно седум, а од Ада Циганлија е километар и пол.
Има една соба, која е просечно уредена, покрај тоа има и бања, кујна, спална соба, а како што е наведено во огласот предност за купување имаат купувачите во готовина, јавува „Курир.рс“.
Во огласот стои и дека станот е реновиран, дека е приклучен на парно, а комуналиите се 65 евра месечно. Дополнително, со купувањето на станот доаѓа и подрумот како и „голем паркинг пред и околу зградата“.
Сега најважното нешто, цената! Станот се продава за 220.000 евра, со оглед на тоа што има 28 квадрати, значи дека квадратот е 7.857 евра.
Од друга страна, за споредба, доколку се одлучите да купите еднособен стан на падината Чукарица, ќе ви требаат меѓу 70.000 и 90.000 евра. Двособен стан чини и до 120.000 евра, а овој од 28 квадрати чини дури 220.000.