Сите знаеме колку е важна здравата исхрана, што меѓу другото, подразбира редовно јадење овошје и зеленчук. Па така, според податоци од агенција за храна и земјоделие на Обединетите нации, потрошувачката на овошје по глава жител во земјава е 90,11 килограми.
Од земјите во регионот помалку овошје од нас јадат: Бугарија (57,93 килограми), Хрватска (69,48) и Србија (89,07 килограми). Поголема потрошувачка на овошје по глава жител од Македонија имаат: Босна и Херцеговина (92,05 килограми), Словенија (118,7 килограми), Грција (119,93 килограми) и Црна Гора (124,47 килограми). Лидер во регионот е Албанија со 171,08 килограми потрошено овошје по глава жител.
На глобално ниво, најголем просек има Доминиканска Република со 291,01 килограм, а најмала земјите од Африка каде се движи околу 10 и помалку килограми на годишно ниво. Во Европа лидер е Португалија со 135,62 килограми годишно.
Извор: biznisinfo.mk