Популарна веб-страница објави мапа на најчестите презимиња во европските земји.
Според оваа карта, најчесто презимето во Македонија е Стојановски.
Најчесто презиме во Босна и Херцеговина е Хоџиќ, Хрватска е Хорват, а во Србија повеќето го носат презимето Јовановиќ. Во Словенија има најмногу луѓе со презиме Новак, а во Црна Гора најчесто презиме е Поповиќ.
На корисниците на Twitter особено им се допадна тоа што во Исланд нема презимиња како во остатокот од Европа, туку децата го добиваат името на таткото со додавање -sson за синови и -dóttir за ќерки.
Извор: kajgana.com