Сеул ја доби својата прва линија на самоуправувачки автобуси како дел од експериментот за кој инженерите велат дека има за цел да направи јавноста да се чувствува поудобно со возилата без возач на патот.
Новото возило не изгледа како обичен автобус: тоа е целосно симетрично, со заоблени рабови и големи прозорци кои го прават повеќе да личи на играчка отколку на најсовремена форма на транспорт.
Овој дизајн е намерен, рече Јеонг Сеонг-гјун, шеф за автономно возење во 42 Dot, старт-ап одговорен за технологијата за автономно возење, сега во сопственост на јужнокорејскиот Hyundai.
„Тоа е иднината“, рече тој за АФП, додавајќи дека автобус како овој бара „нов вид на извонреден дизајн“.
Автобусот изгледа малку „како Лего“ бидејќи е направен од композитни делови за да ги намали трошоците и да го олесни реплицирањето, објаснува Јеонг.
Според него, целта на компанијата била во иднина технологијата да биде евтина, безбедна и лесно пренослива на многу видови возила, на пример возила за испорака.
Засега, под близок надзор на возачот, автобусот сам ќе вози по новата кружна рута долга 3,4 километри во центарот на Сеул, која ќе трае приближно 20 минути.
Луѓето можат да се качат на една од двете назначени постојки, откако ќе резервираат бесплатно место преку апликација.
Автобусот користи камера и ласер наместо скапи сензори за навигација, додаде Јеонг.
Денеска, на денот на воведувањето на новата автобуска линија, многумина минувачи изгледале заинтригирани од дизајнот на автобусот. Застанаа да го фотографираат и да ѕирнат внатре.
„Се чувствувам како да сум скокнал во машина за да патувам во иднината“, коментира Ким Ји хае-ран (68) по возењето.
извор: biznisinfo.mk