На листата на најчесто користени лозинки сè уште доминираат оние со бројки, но има и некои други интересни решенија
Аналитичката компанија NordPass објави листа на лозинки кои најчесто се користеле во 2022 година, а меѓу Топ 200 веќе има препознатливи кодови кои со години се на врвот.
Лозинките треба да бидат суштинска заштита на корисничките профили и нивните уреди, како на Интернет, така и во секојдневната работа, но корисниците не се многу имагинативни во нивното генерирање и честопати многу лесно се „пробиваат“.
Погледнете ја топ 10 листата на најкористени лозинки во 2022 година подолу:
1. password
2. 123456
3. 123456789
4. guest
5. qwerty
6. 12345678
7. 111111
8.12345
9. col123456
10. 123123
Покрај повторувањето на броевите, популарните термини за лозинка вклучуваат термини како „Oscars“, „Tinder“, „batman“ и многу повеќе.
Извор: usb.mk