
Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад.
Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓани и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.
Финансиската конструкција за новогодишната прослава и организираната забава за следниот ден, на 1 јануари била слична како минатата година, односно околу 12.000 евра.
– Украсувањето ќе биде слично како и минатата година, кога за таа цел, Општината издвои околу 12.000 евра во што влегуваат бини и трошоците за тридневна прослава. Годинава нема да биде само за новогодишната ноќ, туку и следниот ден. Буџетот ќе биде истиот, а програмата уште не е финализирана, истакнаа надлежните.
извор: kanal5.com.mk