Пред само две години сакаше да се збогува од фудбалот, а сега е херој на нацијата и ќе игра во осминафиналето на Мундијалот! И тој и неговиот тим се големи фаворити.
Неговото име е Андрис Ноперт и е можеби најголемото откритие на овој Мундијал. Коди Гакпо постигна три гола, Саудијците ги шокираа Аргентинците, Такума Асано даде гол за Германија, многу играчи досега импресионираа, но Ноперт не требаше ниту да оди на СП!
Ноперт е роден во Херенвен, но таму не доби вистинска шанса, па сениорското деби го имаше во Бреда, каде за четири години играше само седум пати. Неговата кариера не изгледаше ништо подобро ниту откако осум пати бранеше за Фоџа во Серија Б и испадна во третата лига. А потоа се врати во татковината, одигра два меча за Дордрехт во сезоната 2019/20 и доби отказ!
Неговата сопруга и целото семејство го молеле да се откаже од фудбалот и да ја прифати работата што му била понудена, работа во полиција. Не ги прифати нивните совети, една година седеше без работа за минатата година да потпише договор за мал холандски клуб кој претежно се движи меѓу прва и втора лига. Од јануари 2022 година до крајот на годината, одигра 15 натпревари, се докажа и потоа потпиша за својот матичен клуб Херенвен!
Во оваа сезона прими 13 гола и шест пати ја сочува мрежата на Херенвен, а потоа дојде иненадувањето! Тој се најде во тимот на Луј Ван Гал за Светското првенство и покрај тоа што никогаш претходно не бил блиску до националниот тим. Но, како се слуши тоа!?
Стана прва опција и веднаш воодушеви! Само благодарение на неговите одбрани, Холандија во првото коло го победи Сенегал со 2:0, тој задржа гол на мечот со Катар и прими гол само од Еквадор! Сега тој го продолжува патувањето кон Светското првенство, а следен предизвик ќе му биде средбата со Соединетите Американски Држави во сабота од 16 часот.