Ирскиот регулатор за заштита на податоците (DPC) го казни Facebook со 265 милиони евра, со што вкупната казна за чадор-компанијата Meta достигна речиси една милијарда евра.
Казната произлезе од истрагата што започна во април 2021 година, поврзана со откривањето на збир на лични податоци од Facebook кои беа достапни на интернет. На Facebook му беше наредено да спроведе низа корективни мерки.
Новата казна е веќе четврта казна изречена од DPC на една од компаниите на Meta. Во септември регулаторот го казни Instagram со рекордна казна од 405 милиони евра, што Meta планира да ја обжали. DPC ги надгледува Apple, Google, TikTok и другите технолошки гиганти чиешто европско седиште е во Ирска. Во моментов има 40 отворени истраги против такви компании, вклучително и 13 со Мета.
Ирскиот регулатор рече дека другите релевантни регулатори на ЕУ се согласиле со одлуката од понеделникот, откако таа сподели нацрт-одлука минатиот месец според системот „one-stop shop“ на блокот за регулирање на големите мултинационални компании.
Извор: kajgana.com