Главниот град на Австрија, Виена, се наоѓа на врвот по квалитет за живот, но сега освои прво место во категорија што не му оди баш најмногу во прилог.
Би можело да ве интересира: „Македонија е најисплатлива“: Каде се најскапите патарини во Европа?
Во категоријата „љубезност“ на резултатите од истражувањето на „Expat City Ranking 2022“, Виена го зазеде последното место на листата.
Според оценката на претставниците на странски компании о организации, упатени во работата во Австрија, Виена не е баш толку пријатна за живот. Дури 46 отсто велат дека Виенците се нељубезни.
Анкетираните велат дека Виенците се нељубезни кон странците.
Исто така, 54 отсто тврдат дека е тешко да се најдат пријатели во Виена, а 32 отсто тврдат дека не се задоволни од својот социјален живот во австриската престолнина.
1. Валенсија, Шпанија
2. Дубаи
3. Мексико Сити, Мексико
4. Лисабон, Португалија
5. Мадрид, Шпанија
6. Бангкок, Тајланд
7. Базел, Швајцарија
8. Мелбурн, Австралија
9. Абу Даби
10. Сингапур
1. Јоханесбург, Јужна Африка
2. Франкфурт, Германија
3. Париз, Франција
4. Истанбул, Турција
5. Хонгконг
6. Хамбург, Германија
7. Милано, Италија
8. Ванкувер, Канада
9. Токио, Јапонија
10. Рим, Италија
А македонските градови како би ги подредиле вие?