Цело италијанско село е достапно за изнајмување, а едно ноќевање на таа локација чини околу 10 евра по лице.
Прекрасната општина Петриоло на источниот брег на Италија има замок и театар и може да прими околу 50 до 200 луѓе.
Селото обично се издава за венчавки, забави или други големи настани. На располагање се вкупно 98 спални соби, а нивната резервација е околу 1.500 евра од ноќ.
На располагање се вкупно 98 спални соби, а нивната резервација изнесува околу 1.500 евра од ноќ.
Селото е скриено и ги нема типичните карактеристики на туризмот. Без повеќејазични менија, без казни за паркирање и без упорни продавачи.
Замок со базени, театар за импровизирани претстави...
Во ова село се наоѓа и замокот Palazzo Mannocchi со базени и градини, а се наоѓа на 300 метри надморска височина. Во Петриол се наоѓа и барокниот театар Ирид, каде се изведуваат импровизирани претстави за туристите.
Покрај тоа, селото има сали со фрески, неколку плоштади, ресторани, барови, винарии и продавници. Бидејќи Петриоло не е големо место, сè е на неколку минути пешачење.