Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во земјава. Вака одлучиле мнозинството судии од Уставниот суд.
Портпаролката на највисоката судска инстанца во земјава соопшти дека Уставниот суд на својата денешна седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.
Оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.
Со сегашното законско решение, околу 95 отсто од работнициве во земјава не треба да работат во недела, а оние што работат, имаат право на повисоки дневници.
извор: faktor.mk