Работното време треба да се ограничи на четири часа дневно – тоа е мислењето на многу истакнати стручњаци.
Тие сметаат дека луѓето едноставно не се ментално, ни физички способни да работат подолго од тоа.
Тешко е веројатно дека кој било човек може да работи потполно сконцентриран повеќе од пет часа дневно – останатото работно време пружаме само дел од фокусираноста и се сведува на пополнување време.
Слободното време, т.н „празно време“, всушност е многу важно за нас и за развивање на нашата креативност.
Поставувањето на вистинските услови за работа подразбира испланирано работење, но и испланирани паузи.
Можеби ова ви се чини спротивно на мислењето дека времето е пари, но всушност токму слободното време е она што ни овозможува навистина да напредуваме.
Со други зборови, малку е веројатно дека ќе ја зголемите вашата продуктивност со тоа што ќе работите подолго.
Дури и познатиот философ Бертранд Расел во неговиот есеј од 1932 година зборува за потребата од четиричасовно работно време.
Сите оние на кои не им се допаѓа идејата за четири часа работно време би требало да се прашаат дали би сакале за нив да се грижи медицинска сестра која е на крајот на 12-часовна смена или на почетокот на четиричасовна?
Ваквото работно време би значело дека би имало повеќе работни места за невработените, како и за оние кои би работеле кога работата не би одземала 8 часа од денот.
Нов Зеланд, Шведска и Велика Британија се земји кои се љубители на скратеното работно време. Дури 61% од британските работници сметаат дека со четиричасовно работно време би биле попродуктивни.
Праксата на долго работно време без сомнение порано или подоцна ќе престане, па еден ден можеби ќе почнеме да ги цениме и работите кои ги вршиме, а не се платени.
Извор: kajgana.com