Објава на еден корисник на тема кисела зелка го привлече вниманието на твитерџиите и предизвика жестока дебата.
Каков човек треба да си за да киселиш зелка во стан во 21 век?- беше прашањето кое налути многумина кои практикуваат да ја подготвуваат омилената зимска салата и неопходна состојка во најомиленото јадење и покрај тоа што живеат во стан.
Додека едни тврдеа дека тоа е сосема нормално и дека тоа треба да го прави секоја домаќинка, други се спротивставија на таа одлука со тоа што мора да се почитува куќниот ред и дека вистинското решение е да се купува кисела зелка. Во текот на дискусијата беа изнесени одредени навреди меѓу корисниците, а најголемо внимание предизвика следниот коментар:
- А каде може да ја подготвува зелката ако сака и живее во стан и нема подрум? Дали треба да биде господин/ѓа и да купува готова туршија на пазар или воопшто да не ја јаде?
И додека едните се наврдуваа, мнозинството дојде до заклучок дека секој има право на избор и, соодветно, право да прават што сакаат во своите станови.
- Додека имаше кисела зелка, кисели краставички и ајвар, имаше и семеен дом. Сега сите се плашат од мирисот од комшиската куќа, па модерно е веќе да не се готви, ниту да се јаде заедно на иста маса. Нема традиција, нема заедница, нема семејство. Инстант живот!
Оваа објава предизвика и грст коментари, кои покажуваат дека неколку корисници не гледаат ништо спорно во „новите трендови“.
- „Па, животот е убав. Луѓето треба да живеат како што сакаат. Семејствата наоѓаат начин да бидат заедно, тоа не мора да биде оброк. Природно е дека светот се менува“
- “Не се облекуваме исто, не живееме во заедница, па дури и храната е нова, што е чудно?“
- „Семејството е љубов, почит и убави заеднички моменти, а не кисели краставички и кисела зелка – објаснија некои.
Други признаваат дека и самите забележале колку некои работи се промениле и со гордост истакнуваат дека сé уште се трудат да ги задржат вистинските вредности.