Југославија некогаш го празнуваше 29 ноември како државен празник. Се празнуваше цели два дена до 2002 година кога овој празник беше укинат. Во оваа прилика се сеќаваме на стара Југославија.
Многу наши сограѓани сé уште се сеќаваат со носталгија на старата добра Југославија, а ние ви пренесуваме приказна за тоа што се произведувало на нашите простори и по што сме биле препознаени во светот.
Некои од југословенските производи ги користел буквално целиот свет. Се произведувале бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.
Секако, на мапата се вклучени и компании кои биле производители на облека, храна и други потреби. Сепак, многу од овие компании повеќе не постојат или се под банкрот или полека пропаѓаат.
Во тоа време, во БиХ во ТАС се произведуваше популарниот Фолксваген Голф, но и популарната „Буба“ која се произведуваше со помош на тогашниот УНИС. Муницијата, на пример, се произведуваше во ПРЕТИС од Вогошќа, лидер на наменската индустрија во Југославија.
Во ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор се произведуваа тешки камиони и шлепери, додека лесни транспортери се произведуваа во Застава во Крагуевац. Годишно таму се произведувале околу 200.000 автомобили. Гордоста на воената индустрија во поранешната држава беше СОКО со производство во БиХ, додека државната фабрика за авиони постоеше и во Краљево.
Во Славонски Брод имаше фабрика за вагони, а бидејќи Хрватска има излез на море, таму имаше најмногу бродоградилишта. Сепак, уште бродоградилишта имаше и во Србија и Црна Гора.
Верувале или не, Југославија беше една од петте земји во Европа кои имаа свои компјутери. Веројатно најпознат е Galaxy, додека првиот произведен компјутер е CER-10.
На што се сеќавате вие од тие убави времиња?