
Една запирка значи многу!
Работник од Австралија добил плата стотина пати поголема од договорената, а како што пишува BBC причината е една запирка којашто во сметководството ја ставиле на погрешно место.
Наместо 4.921,76 австралиски долари, на среќникот по грешка му биле исплатено 492.176 долари.
Сепак, овој чесен работник одолеал на искушението и ја вратил разликата.
Според пишувањата на медиумите, се направиле две грешки при исплатата на неговата плата: една е погрешен внес на податоци, а другата е нереагирање на предупредувањето кое системот го дава по автоматизам.
Интересен е фактот е ова е една од 743 погрешни уплати во северниот дел на Австралија од јули 2017 година до јануари 2018 година, а 767 илјади долари се’ уште не се вратени.