По релаксирачкиот викенд доаѓа понеделник, кој претставува враќање во реалноста и влегување во рутина на деловните обврски. Од раното станување, куп мејлови, нетрпеливи клиенти, состаноци, како и напорниот распоред во текот на неделата обично им е тешко на многумина.
Затоа на деловните луѓе често им недостасува мотивација во понеделник, која е „движечкиот мотор“ со кој се постигнуваат и дневните и неделните цели.
За да ве мотивираме и да ви го олесниме првиот работен ден во неделата, избравме 10 цитати кои ја отсликуваат добрата страна на понеделникот, односно новиот почеток.
10 цитати кои ќе ве мотивираат во понеделник:
„Еј, знам дека е понеделник. Но, тоа е и нов ден и нова недела. И тука лежи нова можност да се случи нешто посебно“ – Мајкл Ели.
„Секој ден носи нови избори“ – Марта Бек.
„Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме“ – Волт Дизни.
„Секое утро имате два избора: Да продолжите да спиете со вашите соништа или да се разбудите и да ги бркате“ – Кристин.
„Или ти го водиш денот, или денот те води тебе“ – Џим Рон.
„Верувај дека можеш и си на половина пат“ – Теодор Рузвелт.
„Вашиот талент одредува што можете да направите. Вашата мотивација одредува колку сте спремни да направите. Вашиот став одредува колку добро го правите тоа“ – Лу Холц.
„Тајната на напредокот е почетокот“ – непознат автор.
„Инспирацијата доаѓа од вас. Човек мора да биде позитивен. Кога си позитивен, се случуваат добри работи“ – Дип Рој.
„Вашите мисли во понеделник наутро го дадоа тонот за целата недела. Погледнете како станувате посилни и живеете поисполнет, посреќен и поздрав живот“ – Германи Кент.