Секојдневно читаме оригинални пораки од фудбалски фанатици кои направија сé за да си го остварат сонот и да го следат Светското првенство во живо, а еден навивач на Мексико отиде чекор понатаму.
Мексиканец допатувал во Катар без знаење на неговата вереница, а за работата да биде уште полоша, парите што ги заштедил за венчавката ги искористил за Мундијалот. Кога пристигнал во Катар, мексиканецот и испратил порака за својата вереница со надеж дека таа ќе му прости што го следеше неговото срце и отиде да ја бодри неговата репрезентација на Светското првенство.
Пораката гласи вака:
„Драга вереницe, прости ми! Парите за венчавката ги искористив за да стигнам до Катар“, пишува во пораката која брзо го обиколи светот. Не треба ни да се потенцира на што се подготвени темпераментните мексиканци за да ја гледаат својата репрезентација.
Во Катар пристигнаа голем број навивачи на оваа земја, но по првите две кола немаат многу причини за задоволство бидејќи репрезентацијата освои само еден бод. Но, важно е да се учествува а уште поголема победа е да имате вакви фанови.