Според одредени истражувања, се покажало дека производите означени со бројот 99 по правило се поскапи од производите без тој број.
Без разлика во колку продавници влегувате и колку и полици да разгледате, една цифра сигурно ви привлекува внимание кога се во прашање цените на артиклите. Девет. Се чини дека нема цена што не завршува со оваа бројка, всушност обично е 99.
Значи, кога гледате етикети на производ со 1999 денари, теоријата кажува дека ментално сте заокружувале да размислите за тоа како цена од 1000 денари заснована на таа прва цифра.
На пример, една студија од 2005 година открила дека цените кои завршуваат на 99, предизвикале купувачите да направат дури и математички грешки и како резултат на тоа полошо го менаџирале буџетот. Тестот бил изведен со тоа што на купувачите им било дадени 73 долари, а од нив било побарано да проценат колку производи можат да купат со тие пари. Се испоставило дека кога цените завршувале на 0.99 центи, купувачите ја прецениле својата моќ на трошење.
Голема студија спроведена од професорите Даниел Леви и Авичи Снир, врз основа на долгогодишни податоци собрани од американските продавници, покажа дека кога потрошувачите купуваат артикли со цена што завршува на 9, не само што не го заштедиле тој еден цент, туку во просек го преплатиле производот за 18 отсто во однос на слични артикли со „нормални цени“.
Ги анализирале цените на сè - од сирења, до грицки и сокови, супи од конзерва, детергенти, до тоалетна хартија и шампони, а заклучокот е дека кога цената на производот завршува на девет, по правило, таа е поскапа од производите кои имаат цена без таа бројка.
Секако, кај одредени намирници разликите се фрапантни - на пример, соковите чија цена завршува на девет се во просек за 43 отсто поскапи од соковите без таа бројка на крајот, тоалетната хартија е поскапа за 35 отсто, бонбоните за 28 отсто, хартиени крпи 23 отсто и сапуните за 22,6 отсто.
Никој не знае кога и зошто во трговијата е воведена практиката на завршување на цените во 9, но слична тактика е откриена во рекламите на Мејси од 1880 година, во кои одредени артикли чинат 1,99 и се рекламираат како голема зделка. Денешните истражувања покажуваат дека меѓу цените кои завршуваат со деветки, најзастапени се 9,99, потоа 9, па 9,95 па 4,99.
Некои други истражувања покажуваат дека трговците на мало ги заокружуваат цените на 99 во случаи кога тие покачуваат нешто за да го минимизираат влијанието врз потрошувачите, додека кога ја намалуваат цената на производот тие одат на некои други бројки.